Соединетите држави ќе го намалат својот контингент во Авганистан од 8.600 на 4.500 војници, изјави во средата началникот на Централната команда на американската армија, генералот Кенет Мекензи, во интервјуто за радиото Voice of America, списанието Defense One и дневниот весник The New York Times.
„До ноември, крајот на октомври или почќетокот на ноември ќе се приближиме до бројката од 4.500 војници во Авганистан“, изјави Мекензи кој командива со американските сили на Блискиот исток.
Додаде дека споменатата бројка војници ќе можат да ги извршуваат потребните задачи во Авганистан, кои во прв ред се состојат во обука и логистика на авганистанските безбедносни сили.
Американската војска претходно во средата објави дека подоцна овој месец ќе ја намали воената присутност во Ирак од 5.200 до 3.000 војници.
Во 2016 година во својата изборна кампања Трамп истакнуваше дека ќе стави крај на американските „бескрајни војни“ и постепено го намали бројот на американските војници во Авганистан, Ирак и Сирија. Во август на средбата со ирачкиот премиер, американскиот претседател повтори дека ќе ги повлече американските трупи од Ирак.
На крајот од февруари годинава САД и претставниците на радикалнот авганистанско исламистичко движење Талибан потпишаа историски договор од кој се очекува да го отвори патот за целосно повлекување на странскитт сили од Авганистан во следните 14 месеци и завршување на војната која трае веќе 18 години.
Пред потпишувањето на договорот во катарската престолнина Доха, каде што повеќе од една година се водеа американско-талибанските мировни преговори во повеќе фази, САД и авганистанската влада објавија заедничко соопштение според кое Вашингтон и НАТО ќе ги повлечат сите сили од Авганистан под услов талибаните да ги исполнат своите обврски. САД прво ќе ги намалат бројот на своите војници во земјата на 8.600 во текот на 135 дена предвидени со договорот.
Војната во којашто загинаа десетиции илјади луѓе започна како САД изведоа инвазија на Авганистан само неколку дека по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001 година. Вашинтон ги обвини талибаните, кои ги вооружуваше во времето на советската инвазија, дека ѝ даваат засолниште на терористичката мрежа Ал Каеда и на нејзиниот тогашен водач Осама бин Ладен, и ја водеа коалицијата која ја собори нивната влада. Но талибаните и натаму се моќна сила и моментално целосно контролираат околу 40 отсто од авганистанската територија, а од минатата година изведуваа и голему напади во главниот град Кабул.