Бројот на новинарите кои се убиени од одмазда двојно се зголемил во текот на 2020 година, на вкупно 21 во однос на 10 претходната година, објави во вторникот Комитетот за заштит на новинарите (Committee to Protect Journalists – CPJ).
Мексико и натаму е една од најопасните земји во светот за новинарите. Таму изминатата година се убиени пет новинари, од кои четворици биле жртви на одмазда.
Како одговорни за овие убиства најчесто се сметаат дека криминалните групации, но CPJ потсетува и на егзекутирањето на иранскиот новинар Рухолах Зама во 12-ти декември, чиишто бесење предизвика осуди во целиот свет. Тој беше обвинет дека активно учествувал и поттикнувал на антивладините протести во земјата 2017/2018 во Иран во кои имаше судири и крвопрлевања со бројни жртви.
Поради пандемијата на коронавирусот и рестрикциите на патувањата, бројот на новинарите убиени во судирите и престрелки е најнискиот од 2000 година.
Во вакви инциденти загинале тројца новинари, и тоа на 15-ти ноември во Сирија, наведува CPJ. Во опасни мисии загинале шест новинари, од кои двајца во Ирак, со што бројот на загинатите новинари оваа година се зголемил на вкупно најмалку 30. Сѐ уште се истражуваат загинувањата на 15 новинари оваа година.
„Фактот дека бројот на убистгвата пораснал и дека бројот на новинарите во затворат годинава е рекорден е јасен дека доказ дека слободата на медиумите е изложена на незапаметени напади во полниот ек на пандимијата, во време кога информациите се неопходнни“, изјави директорот на CPJ чие седиште е во Њујорк, Џоел Сајмон, апелирајќи на запирање на овој тренд.