Бројот на новозаболени во Македонија не паѓа под 5 отсто на дневно ниво

Вечерва во емисија „Топ Тема“ беше објавена анализа којашто ги потврдува претходните пресметки на медимите, според кои во земјата  бројот на заболени не бележи пад, и се движи просечно 20 заболени на ден.

Во Македонија за пшест дена се изведени 1.143 тестови, и ако се одземе бројот на тестирани во градинки што изнесува 190, тогаш се доаѓа до резултат дека во Македонија има по 20 новозаболени на ден.

„Вчера се направи анализа каде што од вкупниот број на тестирани, и ако се одземе број на тестови во градинките каде што досега еден се појавил болен тогаш бројот на тестирани споредено со бројот на заболени не паѓа под 5 отсто. Дури и имаше денови кога беше 10 отсто. Последователно 10 отсто заболени“, појасни Лупевска.