Бројот на починати од коронавирус во Иран надмина 1.500, со над 20.000 заразени

Бројот на починатите во Иран како последици од заразата со новиот тип коронавирус во саботата се зголемил за повеќе од 100 на 1.566 лица, а вкупоно се заразени повеќе од 20.000 луѓе, изјави претставник на иранското министерство за здравство.

Иран, една од земјите во светот која е најмногу погодена од пандемијата на Covid-19, извести претходно во петокот за 1.433 починати и за 19.644 заразени.

Вкупниот број луѓе кај коишто е дијагностицирана болеста во саботаа изнеува 20.610, изјави за државната телевизија портпаролот на минситерството за здравство, Кјануш Џаханпур.

Иранкиот портпарол Хасан Роухан изјави во саботата дека мерките за социјално дистанцирање во борбата против епидемијата на коронавирусот во земјата, вклучително и ораничување на патувањата, ќе се применуваат само две до три седмици, и се очекува уиблажување на кризата по нив.

Иран „мора да стори сѐ што е потребно да се врати произвдоството во нормала“, рече Роухани. Исто така, ги обвини „контрареволуционерите“ за заговор со цел да се запре и уништи иранското стопанско производство.