Бројот на починатите во епидемијата од коронавирусот во американската сојузна држава Њујорк во текот на изминатото деноноќие се зголемил за 280 луѓе, откако ден претходно починаа 299 луѓе, соопшто во неделата на дневната прес-конференција гувернерот Ендрју Куомо.
„Вкупниот број хоспитализирани се намалува, шпто е добра вест, ги има 9.786 пациенти. Бројот на пациентите приклучен на механичка вентилација (на белите дробови), исто така, опаѓа. Бројот новозаразени изнесува 789 лица“, рече Куомо.
Државата Њујорк е најголемото жариште на епидемијата на коронавирусот во САД.
„Бројот на жртвите сѐ уште е крајно алармантен – 280. Може да видите дека овој број значително не се променил, но генерално трендот е добар“, изјави гувернерот Куомо.
Според податоците кои тој ги наведе, 289 лица починале на 30-ти април, 306 на 29-ти април, 330 на 280-ми април, 335 на 27-ми април, 337 на 26-ти април, 367 на 25-ти април, а 437 починати на 24-ти април. Во најлошите донови бројката на починатите од вирусот надминуваше 700 жртви на дневно ниво, потсети Коумо.
Според податоците, во државата Њујорк починале вкупно 18.909 лица.