Бројот на загинати при уривањето на зградата во Мајами се искачи на 79 луѓе

Бројот на жртвите во уривањето на станбенате висококатница во Мајами зголеми на 79 лца , откако од под уранитните беа извлечени уште 14 тела, изјави во петокот по локално време градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава.

Уште други 61 лице се води како исчезнато во несреќата што се случи на 24-ти јуни и речиси се загубени надежите дека има преживеани по 16 дена, додаде таа на прес-конференцијата.

Претходно беше соопштено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на повеќекатната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на тела на жртви, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините сè уште да биде жив.