Бројот на загинатите во нападот врз затворот во Авганистан се зголеми на 11

Најмалку 11 лица загинаа а уште 42 други се ранети во вчерашниот напад врз зат ор во источниот авганистански град Џалалабад, за кој одговорноста ја презеде ултрарадикалната организација Исламска држава.

Нападот започна во неделата откако бомбаш-самоубиец со автомобил-бомба се забил во портите на затворскиот комплекс во Џалалабад, а потоа голем број вооружени напаѓачи отворле оган врз припадниците на авганистанските безбедносни сили. Голем број осуденици избегаа од затворот.

Судирите меѓу полицијата и екстремистите продолжиле и во текот на ноќта.

Нападот уследи еден ден откако Авганистанската разузнавачка агенција соопшти дека безбедносите сили во близина на Џалалабад убиле командант на Исламската држава.