Бројот на загинатите во поплавите во Дерна се проценува на 11.300

Една седмица откако бранот поплави го зафати либискиот крајбрежен град Дерна, убивајќи илјадници луѓе, фокусот во неделата беше насочен кон грижата за преживеаните од катастрофата.

Проценките за бројот на изгубени животи се многу различни. Последниот официјален број на загинати, според Министерството за здравство со седиште во источниот дел во градот Тобрук, е дека загинале 3.166 луѓе. Но, според извештајот на Обединетите нации објавен во неделата, бројот на жртвите само во Дерна се искачи на 11.300.

Цитирајќи ја либиската Црвена полумесечина, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања додаде дека 10.100 луѓе сѐ уште се водат како исчезнати во разурнатиот град.

„Овие бројки се очекува да се зголемат во наредните денови и недели бидејќи тимовите за пребарување и спасување неуморно работат на пронаоѓање на преживеани“, се вели во извештајот на OCHA.

Помошта пристигнува во северноафриканската земја додека светот се мобилизира да им помогне на службите за итни случаи да се справат со последиците од смртоносните поплави. Најмалку 40.000 луѓе се раселени низ североисточниот дел на Либија, според Меѓународната организација за миграција, која предупреди дека реалниот број е веројатно поголем со оглед на тешкотијата за пристап до најтешко погодените области.

Две брани низводно од Дерна пукнаа пред една седммица под притисок од водата насобрана по обимните дождови предизвикани од бурата Даниел. Браните се подигнати за да го заштитат пристанишниот град со 100.000 жители, откако беше погоден од огромни поплави во средината на XX век.

На бреговите на пресушеното корито што минува низ центарот на градот изминаитите децени се градеше многу, а минатонеделната поплава однесе сѐ пред себе додека јуреше кон Средоземното Море.

Една седмица подоцна, телата сѐ уште се наоѓаат. Спасувачки тим од Одделот за цивилна заштита на Малта во петокот на плажа отрки стотици тела кои ги исфрлило морето.

Меѓународната помош пристигнува од Обединетите нации, Европа и Блискиот Исток, нудејќи им олеснување на илјадниците преживеани. Помошта вклучува есенцијални лекови и итни хируршки материјали, како и торби за тело за да се овозможи движење на трупови. Донесени се шатори, ќебиња, теписи, хигиенски комплети и храна, заедно со тешка механизација за да помогне во чистењето.

Разорните поплави што ги донесе бурата Даниел беа влошени поради лошата инфраструктура во Либија, која е поделена откако долгогодишниот автократ Моамер ел-Гадафи беше соборен и брутално егзекутиран во бунтот поддржан од НАТО во 2011 година, а порано една од најбогатите африкански земји позната по големите социјални бенефити за граѓаните беше целосно разорена.

Се поставуваат прашања зошто не е спречена катастрофата, кога пукнатините на браните наводно биле се познати уште од 1998 година, но веројатно претпреле дополнителни ошетувања и во борните и постојаните бомбардирања од авијациите на западните земји кии ги поддржуваа бунтовниците и ја гаѓаа либиската инфраструктура. Главниот обвинител Ал-Седик сл-Сур најави истрага за околностите што довеле до колапсот. Како и поголемиот дел од либиската инфраструктура која се распаѓа, двете брани кои беа изградени за задржување на водата и западнаа во распаѓање во текот на годините на конфликтот и поделбата во Либија.

Со раселените десетици илјади луѓе, хуманитарните организации предупредија на ризиците од остатоците од нагазни мини и други неексплодирани убојни средства, од кои некои, според ОН, биле пренесени од поплавите во области кои претходно биле прогласени за чисти.

Ризиците од болести кои се пренесуваат преку вода, како што е колера, се исто така високи, според хуманитарните групи.

Надвор од Дерна, поплавата однесе дополнителни 170 животи, според извештајот на ОН.

Националниот центар за контрола на болести објави дека најмалку 55 деца биле затруени од пиење загадена вода во Дерна.