Бројот на заразени лица во светот, според веб-страницата „Worldometer“, надмина 31 милиони.
На второ место е Индија, каде се разболеле 5,4 милиони луѓе, а бројот на заразени се зголемува за скоро 100 000 секој ден.
Во Бразил, кој што е на третото место по бројот на заразени, се разболеле повеќе од 4,5 милиони луѓе, а во Русија повеќе од еден милион.
Во Европа, корона вирусот е потврден кај повеќе од 4,4 милиони луѓе, а по Русија, најголем број има во Шпанија, – 659.334, потоа во Франција – 442.194 …
Според веб-страницата „Worldometer “, во светот се заразени 31.002.576 лица, починале 961.612 лица, а 22.610.880 се опоравиле од последиците од инфекцијата со „ковид-19“.