
Три лица починале како последица од заразата со новиот сој коронавирус Covid-19 до саботата вечерта, објави јавниот радиодифузер NRK.
Претходно во петокот беше потврдена правата жртва од коронавирусот во Норвешка. Уште две постари лица починале во саботата, едното подлегнало на болеста во болница, а другото во старечки дом.
„Повозрасен жител на дом за стари лица во Осло починал откако бил заразен со коронавирусот. Најмалку уште две лица се заразени, а направени се тестови кај уште пет станари на домот. Ова е веќе трет смртен случај од коронавируост во Норвешка“, се наведува во извештајот на телевизијата која се повикува на информации од здравствените власти.
Постар пациент на Универзитетската клиника во Осло почина во средата вечерта, за што болницата информираше преку Twitter.
Веднаш по овие информации норвешката премиерка Ерна Сулберг побјави дека владата донела одлука делумно да ги затвори меѓународните аеродроми за летови од странство, како и пристаништата, а ќе бидат воведени и строгри гранични контроли.
„Ги затвораме аеродромите и пристаништата, и воведуваме, строги контроли на нашите граници“, изјави премериката Сулберг, и појасни дека овие мерки ќе започнат да се применуваат од понеделник.
Сулберг истакна и дека сите Норвежани кои се во странство може да се вратат во тактитката, вклучително и преку Данска, која веќе ги затвори своите граници. Авионите кои ќе пренесуваат норвешки државјани од странство, ќе бидат примени на аеродромите.
Владата, исто така, побарала поддршка од Службата за цивилна заштите и од територијалната одбрана за обезбедувањето на контролата на границите.
„Немаме намера херметички да ги затвориме границите. Мораме да осигуриме пристап до неопходните лекарстава и продукти, и мораме да прошуштаме товари преку границите“, додаде Сулберг.
Покрај тоа, владата на норвешките државјани не им препорачува да патуваат во нивните викендички, а оние кои веќе заминале ги повика најскоро што е можно да се вратат дома. Владата, исто така, разговаа со воздухопловните компании SAS и „Norwegian“ за испораки на опрема за контрола на инфекцијата од Кина во
Норвешка.
Вкупно 28 лица се хоспитализирани ширум Норвешка, поради нивната здравствена состојба по инфицирањето со коронавирусот. Норвешкиот институт за здравство во саботата објави дека повеќе од 900 лица се заразени со коронавирусот во земјата.
Норвешките власти минатата седмица преземаа невидени мерки за заштита од ширењето на коронавирусот во земјата, кој активно се прошири. Затворени се детските градинки и училиштата, откажани се сите културни, спортски и рекреативни активности, сите канцелариски службеници се префлени на формите за работа без присуство на работното место, сите лица кои доаѓаат надвор од Нордиските земји без оглед дали кај нив има симптоми на болеста, мора да останат во 14-дневен карантин.