![tunis](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/tunis.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Бројот на мигрантите кои ги загубија животите во потонувањето на четири чамци крај брегот на Тунис се искачи на 17 лица, пренесува во неделата агенцијата Reuters повикувајќи се на локалните власти.
Според туниските власти, во неделата биле пронајдени телата на уште пет настрадани. Со тоа бројот потврдени жртви од саботните 12 во недела се искачи на 17 лица.
Претходно во саботата офицер на туниската крајбрежна стража за Reuters изјави дека на чамците кои се движеле кон брегот на Италија имало вкупно 120 лица, од кои 12 се удавиле, 98 биле спасени а 10 се водат како исчезнати.
Несреќата за којашто веројатно причина се лошите временски услови, се одиграла во близна на брегот на туниската провинција Сфакс.
Засега нема податоци за потеклото на мигрантите, но вообичаено по оваа опасна поморска рута се обидуваат до Европа да стасаат луѓе од супсахарска и од централна Африка, кои бегаат пред нестабилноста и сиромаштијата во нивните татковини.