Најмалку 15 полицајци се повредени во безредијата во северноирската престолнина Брисел, а најмалку осум лица се приведени, објави во саботата тамошната полиција.
Во петокот вечерта и ноќта во Белфаст се одржуваше мал протест во организација на лојалистите, кој брзо прерасна во безредија со напади врз полицијата. Првочно во саботата претпладнето беше објавено осум повредени полицајци и седум приведени демонстранти.
Според последниот извештај на белфаската полиција, вкупно 15 полициски службеници настрадале откако биле нападнати од демонстранти кои врз нив фрлале разни предметки, како тешки тули, метални прачки, пиротехнички средства па и капаци од шахти… Во моментов поради повредите четворица полицајци не можат да се јават на должност“, се наведува во писмената изјава на офицерот за надзор на работата на полицијата во Белфаст, Сајмон Велс, објавена на Twitter.
Истакнува дека повеќето учесници во немирите биле млади луѓе. Двајца од осумте приведени се тинејџери на 13 и 14 години.
Весникот Belfast Telegraph наведува дека меѓу лојалистите кон Обединетото Кралство расте незадоволството од трговските договори по разијдувањето на Лондон од Европската унија, како и одлуката да не се гонат 24 политичари од националистичките партии кои учествуваа на погреб на нивен поддржувач, и покрај ограничувањата за собири во епидемијата на корокавирусот.