Објавата на американскиот новинар Такер Карлсон од интервјуто што го направи со рускиот претседател Владимир Путин бележи повеќе од 100 милиони прегледи за речиси 14 часа откако беше објавена на социјалната мрежа X, порано Twitter.
Повеќе од 705.000 корисници ставиле ознака „ми се допаѓа“ на објавата. Бројот на репостирањата достигна 225.000.
Бројот на прегледи на интервјуто на каналот на Карлсон на сервисот за видео-материјали YouTube надмина 5 милиони.
Интервјуто на Путин со Карлсон траеше 2 часа и 6 минути, а за тоа време рускиот челник одговори на околу 60 прашања, вклучително и потрпаѓањата и различните појаснувања.