Бројот прегледи на интервјуто на Карлсон со Путин на Х достигна 100 милиони

Објавата на американскиот новинар Такер Карлсон од интервјуто што го направи со рускиот претседател Владимир Путин бележи повеќе од 100 милиони прегледи за речиси 14 часа откако беше објавена на социјалната мрежа X, порано Twitter.

Повеќе од 705.000 корисници ставиле ознака „ми се допаѓа“ на објавата. Бројот на репостирањата достигна 225.000.

Бројот на прегледи на интервјуто на каналот на Карлсон на сервисот за видео-материјали YouTube надмина 5 милиони.

Интервјуто на Путин со Карлсон траеше 2 часа и 6 минути, а за тоа време рускиот челник одговори на околу 60 прашања, вклучително и потрпаѓањата и различните појаснувања.