Бројот загинати во земјотресот во Турција се зголеми на 20 лица

Бројот на смртно настраданите во земјотресот кој во петокот го погоди западниот егејски брег на Турција вечерта се искачи на 20 луѓе, а бројот повредени се зголеми на 786 лица, објави турската Агенција за управување со вонредни состојби и природни катастрофи (AFAD).

Од агенцијата соопштуваат и дека операцијата на потрага и спасување на преживеани и натаму продолжува на 17 урнати или тешко оштетени згради.

Силниот земјотрес со магнитуда од приближно 7 според Рихтер чиј епицентар беше на триесетина километри од брегот крај турскиот град Измир во водите на Егејското Море на длабочина од дестина километри, се почувствува и во цела Турција и во Грција.

На грчкиот остров Самос, исто така, имаше уривања а двајца тинејџери, момче и девојка, загинале враќајќи се од училиште кога врз нив се урнал ѕид од куќа.

Турските геолози оценуваат дека главниот потрес, кој бил проследен со стотици афтершкови, имал магнитуда 6,7, додека американскиот Геолошки завод USGS ја проценува неговата сила на 7 степени по Рихтер.

Од почетокот на 2020 година Турција веќе ја погодија неколку силни земјотреси. Кон крајот потрес со магнитуда 6,8 по Рихтер источната провинција Елазиг кога имаше педесетина жртви, а претходно земјотрес од 5,4 ја погоди западната провинција Маниса, додека неколку дена пред тоа жителите на главниот град Анкара ги вознемири потрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер.

Турција се сместена на неколку големи раседи, па земјотресите не се реткост. Во август 1999 година во земјотресот кој го погоди истокот на земјата со магнитуда од 7,6 степени во областа на градот Измит, југоисточно од Истанбул, загинаа повеќе од 17.0000 луѓе. Во овој век, најмногу жртви, над 500 загинати, имаше во земјотресот кој во 2011 година го погоди источниот град Ван.