Бројот на жртвите од разорниот тајфун Хагибис, еден од најсилните кои ја погодиле Јапонија последните неколку децении, во вторникот се искачи на 66 лица, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурата во саботата донесе рекордни количества врнежи во големи делови на Јапонија, предизвикувајќи поплави и свлечишта.
Операцијата на потрага и спасување продолжува во вторникот, додека властите го пресметуваат обемот на штетите предизвикани од невремето. Покрај 66-те жртви, повредени се повеќе од 200 лица, а 15 сѐ уште се водат како исчезнати.
Најмногу загинати има во префектурите Мијаги и Фукушима, на североистокот од земјата, кои најмногу настрадаа и во разорниот земјотрес од март 2011 година, кој предизвика гигантско цунами, а последично и хаварија на нуклеарната централа во Фукушима.
Илјадници луѓе и натаму се во засолништата, а гневот на јапонската јавноста ја предизвика веста дека едно засолниште одбило да прифати двајца бездомници.
Во невременот урнати се 47 насипи на реки, а тајфунот предизвикал повече од стотина свлечишта од кои многу ги затрупале сообраќајниците попрачувајќи ги спасувачките напори. Хагибис поплавил повеќе од 10.000 домови. И натаму се затворени 235 училишта, десетици илјади објекти се без електрична енергија, а 138.000 останале без водоснабдување.