Дванаесет лица вкупно ги загубија животите во ракетниот напад кој американската војска го изведе во неделата во авганистанската престолнина Кабул, е зголеми на 12 убиени, објави во понеелникот телевизискиот канал Al Jazeera.
Претходно авганистанските медиуми информираа за девет загинати и четири ранети во споменатиот напад. Според најновите информации, седум од загинатите се деца на возраст од две до десет години. Повеќето од жртвите биле членови на едно семејство, се додава.
Портпаролот на американската Централна команда, Вилијам Урбан изјави дека американската армија ги проверува извештаите за загинати цивили во воздушниот удар во Кабул, но инсистираше дека во нападот со дрон бил елиминиран припадник на Исламската држава во Хорасан кој управувал автомобил полн со експлозив и со кој имал намера да изведе терористички напад во авганистанската престолнина.
Според извештаите на авганистанските медиуми, во истиот напад биле уништени уште две возила а делумно била оштетена и станбена зграда. Нападот беше изведен во кабулската населба Хаџи Бугра, која е во непосредна близина на пистата на аеродромот „Хамид Карзаи“ каде привршува последната фаза од евакуацијата на цивилите и странските војници од Авганистан.