Во текот на изминатата ноќ при операцијата на грчките пристанишни власти, југозападно од Пилос е пронајден брод со 85 нелегални мигранти, пишува весникот „Вима“.
Сите мигранти биле превезени со друг брод до пристаништето Каламата.
Се смета дека еден од мигрантите и телефонирал на полицијата во Каламата и јавил дека има проблем со бродот.
Пристанишните власти биле известени и презеле акција за пронаоѓање на бродот.