Над 600 мигранти вчера биле спасени од страна на екипажот на норвешки брод во јужниот дел на Средоземно Море, пренесува Танјуг.
Мигрантите патувале со два дрвени чамци. Сите се спасени и се наоѓаат во добра здравствена состојба, објави норвешката полиција на својот „Твитер“ профил.
Според локалните медиуми меѓу мигрантите имало и неколку трудници.