Брод со мигранти потона крај либанскиот брег, спасени 48 луѓе

Либанската војска во текот на викендот спасила 48 луѓе откако бродот со кој се обидувале да избегаат од земјата потнонал во близина на брегот на градот Триполи, извеси во неделата либанската државна новинска агенција NNA.

Бродот превезувал 60 луѓе, либански и странски мигранти кои сакале да стасаат до бреговите на некоја европска држава, а потонал во саботата поради големите бранови и поради преоптовареност, пренесува агенцијата повикувајќи се на воени извори. Во тек е акција на спасување на преостнатите патници кои се водат како исчезнати.

Во неделата спасувачките екипи пронашле осум тела, пренесува либанската телевизија Al Jadeed, повикувајќи се на изјава на министерот за јавни работи и сообраќај Али Хамиех. Доцна во саботата од морето било извлечено тело на девојка, според истиот извор.

Војската објави дека привела еден либански државјанин поради сомневање за вмешаност во криумчарењето мигранти. Либанскиот претседател Мишел Аун наредил да се спроведат сеопфатни истраги.