Бродиќ вели дека медиумите ги пренесоа фактите за протестите, контра-протестите, парламентарните бојкоти, техничката влада во која што сега има и технички министри, но и фактот за пролонгирање на предвремените избори. Сето тоа е проследено со интензивни напори за да се сруши рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, независните истражувања укажуваат на неколку важни појави:
Прво, истражувањето на Брима Галуп покажува како целиот дел од македонскиот електорат не е наклонет кон мешање на старите амбасадори во внатрешната политика на Македонија, но и како тоа такво дејствување речиси воопшто не им е важно при носењето на одлуката за која партија ќе гласаат.
Втората важна појава, според Бродиќ, која што одговара на прашањето зошто од партијата на власт прифатиле предвремени избори е и во независното истражување на ИРИ што ја втемелува сигурноста за останување на власт по новите избори. Имено, трите последни истражувања што се појавија во последните шест месеци покажуваат стабилна поддршка за ВМРО – ДПМНЕ. Размерот на рејтингот, според тие истражувања за ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ е 2,5:1, додека размерот на рејтингот на популарноста на премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев е 3:1.
Од ова може да се извлече заклучокот дека опозицискиот СДСМ ги користи медиумите во регионот, невладините организации, некои интереси на околните држави, како и дел од странските амбасадори за да ги пролонгираат изборите што самите и со помош на споменатите фактори ги предизвикаа. Ваквата ситуација според тоа можно сценарио би можела да им одговара, затоа што сега, без избори, се наоѓаат во позиција на содејствување во техничката влада. Било какви избори би можеле да ги лишат од политичкиот леб без мотика, што со манипулација и ги добија, пишува тој.

Македонија ќе мора да има избори
На крај, Македонија наскоро ќе мора да има избори, ниту на големите сили неможе веќе да им биде во интерес контролираното безвластие во Македонија. Контролираната нестабилност може да подинечни дипломати коишто со два телефонски повици им покажуваат на нивните пријатели дека владеат со некоја земја се до посериозните предизвици.Бегалската криза и искористувањето на енергенсите бараат политичка легитимација на актерите во јавните служби, пишува Бродиќ.
Инаку вчера во разговор за Сител родиќ појаснува дека опозицијата и одредени меѓународни фактори имаат за цел да ја урнат Владата на ВМРО – ДПМНЕ за да дојде до смена на името кое е предмет на деценискиот спор со Грција. Повеќе за ова на следниот линк.