Бројот на жртвите од минатонеделниот напад во Кабул се зголеми на 150

Бројот на жртвите од нападот со камионот-бомба извршен мината седмица во авганистанската престолнина Кабул се зголеми на 150, изјави претседателот Ашраф Гани во вторникот за нападот кој стана најсмртоносниот во главнот град откако во 2001 година со интервенцијата на меѓународната коалиција предводена од НАТО беше соборен талибанскиот режим.

Според досегашните податоци во експлозијата на цистерна-бомба во центарот на Кабул во близина на странските амбасади имаше 90 загинати и повеќе од 460 ранети.

„Повеќе од 150 недолжни синови и ќерки на Авганистан се убиени, а повеќе од 300 завршија во болниците со изгореници и ампутирани екстремитети“, изјавил авганистанскиот претседател Ашраф Гани на меѓународната конференција за мир во вторникот, пренесе агенцијата AFP.

Особено е погоден главниот авганистански телефонски оператор групацијата „Roshan“, чиишто 31 вработен и партнер се убиени.

„Не бевме ние единствената цел, целата дипломатска заедница беше цел на нападот“, изјавил Гани пред странските дипломати присутни на конференцијата имајќи предвид дека нападот беше извршен во дипломатскиот кварт во Кабул, пренесува агенцијата Reuters.

Сите убиени се Авганистанци, изјавил Гани и им одал почест на тринаесетте полицајци кои го запреле камионот бомба кој се обидувал да влезе во добро чуваниот дипломатскиот кварт и се убиени.

Авганистанската престолнина е под високи мерки на безбедност по нападот, во вторникот е целосно блокиран од голем број припадници на безбедносни сили коишто го обезбедуваат самитот „Процес во Кабул“ кој ги собра претставниците на дваесеттина земји.

Не е сосема јасна целта на нападот од минатата среда за кој уште никој не ја презема одговорноста и кој одновно ги поттикна длабоките политички и етнички поделби во оваа земја и ги ослаби позициите авганистанската влада.

Од минтата среда демонстрантите, а некои од нив загинаа во петокот во судирот со полицијата, учествуваат во протестите со седење и бараат оставка на советникот за национална безбедност Ханифа Атмар.

Министерот за надворешни работи Салахудин Рабани, кој е на чело на таџишката партија Џамијат, исто така, побара оставка на Атмар, но претседателот Гани, кој е припадник на Паштуните, го одби тоа.

Владата за нападот ја обвинува добро организираната мрежа Хакани, сојузници на талибаните.