Бројот на заганатите во катастрофалниот пожар во Грција се зголеми на 93, откако во четвртокот во болница почина уште едно настрадано лице, оопшти противпожарната служба.
Во болница починала 78-годишна жена којашто се здобила со изгореници.
„Бројот на жртвите во пожарот на источна Атика во моментов изнесува 93 луѓе“, соопшти противпожарната служба. Според нејзините податоци, во болниците починале десет лица, како последица од изгореници.
„Според Управата за кривични истраги на грчката полиција, идентификувани се 82 жртви, а има и две неидентификувани тела кои не се побарани од роднини или блиски“, се додава во соопштението.
На 23-ти јули во областа Атика избувнаа неколку големи пожари, а при темепртатури од над 40 Целзиусови степени и силен ветер до 12 бофори, пожарникарите не успеваа да се справат со огнената стихија. Ситуацијата излезе од контрола, а локалното население од кое повредени беа уште 190 лица, ги обвинува властите и владата за бавната реакција на стихијата.