Бројот на жртвите во превртувањето на чамци на Филипини се искачи на 26

Најмалку 26 луѓе ги загубиле животите откако во саботата под налетот на силните монсински ветрови се превртеа три големи моторни чамци во близина на филипинскиот град Илоило, пренесува во неделата филипинската новинсла агенција PNA повикувајќи се на Управата за цивилна одбрана.

Претходно во саботата, локалните власти го потврдија загинувањето на 12 лица, но предупредија дека црниот биланс може да се зголеми.

Според денешното соопштение на Управата, според состојбата во 10,30 часот по локално време, 4,30 часот по македонско време, потврдена е смртта на 26 патници, кои се превезувале со трите превртени пловила. Се истакнува дека 55 луѓе биле сапсени, а уште пет други сѐ уште се водат како исчезнати. Вкупно на трите чамца имали 86 патници.

Во саботата големите моторни чамци „Che-che“, „Keziah“ и „Jennyville“ се превртеа и потонаа во близина на градот Илоило. Претставничката на локалните власти за справување со вонредни состојби Дона Мањо изјави дека пловилото „Che-che“ патувале во покраината Гимарас од Илоило, додека „Кеziah“ истовремено пловело во спротивната насока, кога се случила трагедијата.