Бројот на жртвите во серијата експлозии во неделата чија цел беа цркви во кои се одржувале велигденски литургии и врз лускузни хотели се искачи до 207, а ранети се друи 450 луѓе, пренесува порталот Ada Derana повикувајќи се на полицијата,
Истата инфорнација ја пренесува и телевизијата News 1ST, којашто се повикува на официјалниот претставник на полицијата на Шри Ланка, кодригирајќи ја малку претходно објавената информација за 190 загинати и над 500 повредени.
Засега нема информации дали зголемениот број жртви се должи на двете нови експлозии, седмата и осмата по ред, за кои околу пладнето потврди полицијата.
Седмата експлозија била детонирана во областа на зоолошката градина крај Коломбо а осмата во квартот Дематагода.
Сѐ уште ниедна екстремистичка групација која дејствува во регионот не ја презема одговорноста за бомбашките напади чија цел очигледно е празнувањето на Велигден на припадниците на Римокатоличката црква.