Бројот убиства во Лондон во 2018-та на највисоко ниво последните десет години

Бројот на убиствата во британската престолнина Лондон во текот на оваа 2018 година го достигнал највисокото ниво во последние десет години, објави во четвртокот лондонската полиција.

Меѓу јануари и ноември 2018 година извршени се 131 убиство, најмногу од 2009 година кога имало 130 убиства, освен во 2017 година кога се убиени 135 луѓе, од кои 14 во терористички напади. Малку повеќе од третина од жртвите во 2018-та имале меѓу 16 и 24 години.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан основа тело задолжено за намалување на насилствата познато по акронимот VRU, за медицинскиот персонал, полицијата и локалните совети да ги насочат напорите на младите, сиромашните и исклучените од општеството, и да ја намалат поврзаноста на младите со криминалот. А оваа програма почетно се издвоени 500.000 фунти.

Градскиот совет побара до Кан да преземе драстични мерки со цел да се намали насилството, додека градоначалникот предупредува дека владата за борбата против криминалот одредила недоволен износ. Во четвртокот министерот за внатрешни работи, Саџид Џавид, исто така од пакистанско потекло како и Кан, најави големо зголемување на буџетот за полицијата во однос на 2010 година и појасни дека во периото 2019/2020 година ќе изнесува 14 милијарди фунти, а ќе се финансира од локалните даноци.