Бруно Фернандеш го скрши македонскиот сон за Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да избори историски пласман на Светското првенство кое ќе се игра до 21-ви ноември до 18-ти декември во Катар, откако во финалето од дополнителните квалификации со 0:2 во Порто беше совладана од селекцијата на Португалија.

Стрелец на двата погодока беше Бруно Фернандеш, во 32 и во 65 минтуа од натпреварот.

Македонските репрезетнативци во овој квалификациски циклус како гости успеаја да ги совладаат великаните како Германија (2:1) и Италија (1:0) нанесувајќи им квалификациски порази на домашен терен по многу децении. Но во вторникот вечерта не успеаја да ја напраат и третата сензација.

Португалија дојде во водство по несфатливата грешка на капитенот Стефан Ристовски кој во 32 минута од десната страна ја враќаше топката во средината на теренот, каде до неа стаса Бруно Фернандеш кој потоа одигра двојно додавање со Кристијано Роналдо и го совлада Столе Димитриевски, иако македонскиот голман и вечерва беше одличен и успеа да стаса до допката но не и да ја спречи да влезе во голот.

Конечниот резултат Фернандеш го постави во 65 минута, кога го заврши противнападот на својот тим. Пепе на 20-ина метри од својот гол му ја одзеде топката на Енис Барди, го проигра Мутио, кој на левото крило Догоо Жота. Следеше одличен центаршут во шеснаесетникот каде Фернандеш одлично се снајде и ја доведе Португалија до предност која Македонија не можеше ја да стаса.

За Португалија ова ќе биде осмиот настап на светските првенства, а Македонија ќе се надева дека своето деби на мундијалите ќе го оствари веќе во следниот квалификациски циклус.