По освојувањето на 20. Гренд слем трофеј, Новак Ѓоковиќ дојде на исто скалило како и Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Многумина го сметаат дека е најдобар на сите времиња или дека допрва ќе го потврди тој епитет, но постојат и луѓе кои не можеле да навиваат за него, бидејки го сметале дека е фашист.
Во една колумна за странските медиуми, новинарот по име Шајам Камал, направи доста интересна, но и контроверзна статија во која опишува зошто не може да навива за српскиот тенисер.
„И покрај се, морам да признаам дека Ѓоковиќ веројатно е најдобар на сите времиња, иако околу тоа се уште трае дебатата. Го мразам како да е фашист, но зошто? Затоа што неговата мајка Дијана во 2008 година рече дека „Кралот е мртов, да живее крајот“, кога Ѓоковиќ го победи Федерер во Австралија“.
„По 13 години, кога повторно гледам дека неговото име го има на зидот на Вимблдон, се присеќам со каква страст го мразам. Но тој и понатаму е овде и е подобар од Надал и Федерер, се е на негова страна. Како стана најдобар? Гледавте во финалето на Вимблдон, тој негов последен поен. Играше 11 удари на 2:1 во сетови и 5:3 против еден Беретини и чекаше тој да погреши“, пишува во колумната Камал.