„БУЈАР, ОДИ СИ“ на осмиот ден од протести против францускиот предлог (ФОТО)

„Оставка“, „Бујар, оди си“, „Никогаш Северна, само Македонија“. Со овие извици вечерва точно во 19 часот демонстрантите го започна осмиот по ред протест против францускиот предлог.

Протестот, вообичаено, започна пред зградата на Владата, а подоцна демонстрантите маршираат низ центарот на градот, минуваат пред зградата на Министерството за правда, а последната точка им е Собранието.

Протестите се одржуваат секој ден со исклучок на саботата кога не се одржаа поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам и во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Фото: МИА