Бубамарата на ДНК продадена за 250 илјади денари – парите се за лекување на Лео

Јавноста масовно собира пари за лекување на Лео.

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел да помогнат во лекувањето на момчето. Доцна синоќа објавија дека статуетката е продадена за прилично висока сума.

„И официјално заврши лицитацијата за помош на Лео, преку која наградата Златна Бубамара на Популарноста заврши во рацете на Митрески Кирче од Охрид кој ја даде најголемата понуда во износ од 250.000 денари.

Премногу сме благодарни, не само на него, туку и на сите вас кои учествувавте во лицитацијата, или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во Eam T-Shirts) кој понуди 150.000 денари и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата Еклектик Диспеч (200.000 денари), понуди кои иако не беа највисоки сепак решија да ги донираат за Лео. Со ова, тоталната сума изнесува неверојатни 690.000 денари, со што Македонија уште еднаш покажа дека е хумана нација, и нација со огромно срце“, информираше групата на фејсбук профилот.