Некако премногу прашина ми се крена, не сакајќи, со претходната шкрабаница, судеејќи според вашите реакции, па ја оставив да расте квасецот малку подолго да не ја утнам после онтолошки. Изгледа дека ќе треба цел серијал да започнам со БУДАЛИ ЛИ СМЕ…?
Обично сакам по некоја приказна да убутам, ама бидеејќи не сум „маштовит“ у лажење морам да тарашкам по фолдери на моето искуство, а сум го имал, машалах! Нејсе, … дали сме будали ние што гласаме? Вака, после сите овие године „дркедркеџонирање“, шо вика Рамбо А. се доаѓа до поразителен податок дека гласачкото тело нема удел во одлучување кој ќе биде на власт мое препонтетно мислење. Секако, партиските стаорци ќе сакаат да ми прават деланија за ова, ама сори, ама јас одамна знам дека сум абдал, но сепак гласам. Зошто??! Принцип!
А како тоа народот не бира? Кој тогаш?
Па, бира меѓународната, сите знаат ама мора да се глуми малкуцка. Странците тоа ни го прават ама на многу посуптилен, префинет начин, а згора, нè читаат како селски буквар, лесно сме поводливи, подмитливи на секое можно ниво и така. Некои екс-анаЛитичари се акаа од земја дека „сила је у народу“, народ одлучува… комси-комса и да и не. Имено, играта се одвива така што се прави постепен и констатнетен притисок за менување на перцепцијата, туку со привид дека оние кои се на власт се лоши и дека нив меѓународната не ги сака, а другите се арни и им дава ишарет интернационала кои се тука да се занимаваат со климатско-термички телесни регулации – читај – чешање јајца, објаснето како у бирцуз со скара на кило и вино на литро. Имено се тегне се до кога подршката за едната или другата страна ќе се доближи и смената ќе ја направи малцинска група на гласачи која се активира на повик. Бесперкорни и послушни до гроП! Кратко ем јасно, ако разликата е голема, се урфлаат пари, да речеме барем преку две организации околу 8 милиончека годишно за кампањеи и ова без засебните грантови за заштита на орли, стрвинари и остали угрожен животињски свет. Ние се чаламевме дека, овие или оние, ни се непријатели и баравме од инат некој да тера контра. Контра со „мочуриште“ можеш само да потонеш у жива кал и после да изпливаш си у земји каде нема море. Меџународна, Кале, Мале, Вале, не ги интересира што ние правиме со себе, сакаат само регионално да контролираат ситуација и тоа спокојно.
Ние сме на прагот да имаме прв „фул“ мандат на една влада после бајаги време и како ми се чини ќе го „извози“ и покрај се. Тоа е минимум наградата која ја заработија за сработеното. Нема ни абер од странците дека ќе има смена! Тачка, извичник! Да, сега не ја сакаат Катица, која ја поставија, утре некој кинез или рус на некоја „мировна“ конференција да им трља нос, па затоа и го буцнаа овој процес, кој ако не се дотера, еве ви ги анкетите, кои се блиску, па ако не исполните… Има доволно за победа, ама не, опозицијата нема скоро да види власт.
Бат вај?
Раководството не е проблем за странците, има таму поглеми американци спремни и за репрезантција на Канада да бранат, но, базата е проблем за странците. Базата бара враќање на името, а странецот кога ќе научуе – поништување на преспанскиот, изменување, редефинирање и слично, што е легитимно, инспириано од многумина со најдобра намера, но договор кој на тешки мускули го портуркаа, нема ни да погледнат натаму каде има таков мубает. И 5 катици да им се дособерат на сдсм и уште 100 афера ама од секаков вид, нема ништо од промена, пар глави ќе летнат и толку. Се бара од вмро да поништи се, а на тој начин нема никогаш да се врати на власт, освен ако сте толку наивни дека изборите ние, народот, ги одлучуваме по наша слободна воља. Ах, наивност, да не постоеше родот човечки ќе изумреше сам од себе без принови.
Не сме будали
…ние што гласаме, и тоа како сме важна и една од најпресудните во равенката, и колку сме појаки во свеста за кого и како гласаме, толку повеќе респект добиваме како народ со секое гласање, но не сме матурирале да сами одлучуваме. За жал.
Бојкот секогаш е во служба на некој, исто како и гласање за една или друга страна, но за секоја одлука имаат барем 5 сценарија, одамна напишани, со печат и ставени во сеф, кои по потреба се доставуваат, на разни начини, ако треба и со кондоми со боја.
Како тогаш?
Тоа е прашање од три милиони. Чарето ми го кажа Младенов некаде 1999 – ќе парафразирам – „Будали сме како народ, ма глупаци! Ќе платиш три милиона за средба со Кисинџер, ќе испиeш виски и ќе прашаш што треба да се направи“. На прашањето за што си се’ спремен, одговораш со: НА ’СФЕ’! Некој тоа го направил одамна на балканите и сведоци сме како си тргаат напред. Будали ли сме што не направивме така?
Авторот нема везе со живот, универзум и остало, а камо ли политика, живот и анализа. Одговорот на се е 42
Автор: Јанко Илковски за НетПрес