Бугарија бележи 22 смртни од 565 случаи на зараза со коронавирусот

Бројот на потврдени случаи на заразени од новиот коронавирус во Бугарија е 565 луѓе, од кои смртен исход имало кај 22 пациенти,

Во изминатите 24 часа има 24 нови случаи. Излекувани се уште тројца пациенти.

Нема нови области погодени од ширењето на заразата. Хоспитализирани се вкупно 201, од кои 26 се на интензивна нега.