Во последните 24 часа во Бугарија е регистриран забележан рекорден број од 221 смртен случај како последица од компликации предизвикани од коронавирусот, додека заразени се уште 2.814 лица, објавено е на официјалната интернет страница за следење на епидемијата.
Меѓу починатите десет лица се во возрасните групи од 29 до 49 години и претежно се жени, и сите освен една жена на 29-годшна жена има подотоци за претрходно тешки хронични заболувања. Исто така, во последното деноноќие Бугарија ја регистрираше и најмладата жртва од почетокот на епидемијата на Covid-19, а станува збор за 12-годишни девојченце со хронично белодробно заблоување.
Од последниот пресек тестирани се 6.825 примероци, а процентот на позитивни е 41,23 отсто.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразиле вкупно 145.300 лица, од кои 4.035 починале.
Во моментов има 90.700 активни случаи. Во болниците има 6.783 пациенти, од кои 457 се на интензивна нега.