Во извештај што е финансиран од британската хуманитарна организација „Оксфам“, бугарските власти се обвинети за груб однос кон мигрантите, информира Би-Би-Си, пренесува МИА.
Извештајот е изготвен врз основа на сведоштва на мигрантите кои пеш оделе низ Бугарија за Србија и цитира мноштво тврдења за претепувања и рекет од страна на полицајци.
Извештајот е изготвен од страна на Центарот за човекови права од Белград и е финансиран од „Оксфам“. Тој посебно внимание им посветува на опасностите кои мигрантите ги чекаат на турско-бугарската граница и подоцна, кога се обидуваат да преминат во Србија.
Рекет од страна на полицијата и напади
Во детали…