Во детали се опишани барањата рекет од страна на бугарската полиција, физичкото насислство над мигрантите и напади од полициски кучиња.
Извештајот се темели на разговори со над 100 бегалци, кои во српскиот пограничен град Димитровград пристигнале од Бугарија. Тие биле спроведени во само три дена од октомври.
Во светлината на сигнализираните злоупотреби ЕУ треба да се замеша и да преземе конкретни дејствија за да ги одбрани основните човекови права во своите граници, изјави директорот на „Оксфам“ за југоисточна Европа, Стефано Балдини.
Минатиот месец авганистански мигрант беше убиен од бугарски граничар, откако од Турција влезе во оваа земја. Властите соопштија дека тој бил убиен од рикошет при предупредувачки истрел, потсети Би-Би-Си.
Мигрантите тепани и ограбени од полицијата
Извештајот е…