Бугари уапсени во Грција поради трговија со бебиња

Полицијата во централна Грција соопшти дека се уапсени седум лица, вклучувајќи пет Бугари, поради обид за трговија со бебиња, јавуваат тамошните агенции.

Со полициската акција било спречено илегално посвојување на бебиња кои биле стари само десет дена за 5.000 евра, соопшти полицијата во градот Лариса во централна Грција.

Властите објавиле дека 62-годишен Грк се обидел да организира нелегално посвојување со помош на адвокат во градот Волос во централниот дел на Грција.

По апсењето на адвокатот и неговите бугарски соработници, пронајдени биле документи кои што се однесуваат на четири други нелегални посвојувања.