Бугарските власти ја истражуваа можната поврзаноста меѓу нападот со нервен гас од пролетта 2018-та во англскиот град Солсбери врз поранешниот двоен руско-британски шпион и труење на трговец со оружје во Софија во 2015 година.
Бигарскиот државен обвинител Сотир Цацаров изјави во понеделникот дека Сергеј Федотов, осомничен во Англија за наводен обид за убиство врз поранешниот осуденик за шпионажа во полза на Велика Британија, Сергеј Скрипал, трипати престојувал во Бугарија во 2015 година, од што еднаш во април кога бил отруен локалниот трговец со оружје Емилијан Гебрев.
Во октомври годинава, поратлот Фонтанка кој е регистриран во русија а финансиран од странски извори, објави дека Федотов е наводно агент на руската воена разузнавачка служба ГРУ е наводно третиот осомничен во случајот Скрипал.
Иследниците собрале „важни“ докази за престојот на Федотов во Бугарија во рамките на истрагата за труењето на Гебрев, изјави за медиумите Цацаров. „Ги бележиме сите податоци за неговиот престој на бугарска територија, хотелите, возилата со коишто се користел, контактите со бугарски граѓани“, додал.
Скрипал и неговата ќерка Јулија во март 2018 година беа најдени на клупа во бесвесна состојба, во Солсбери на десетина километри од британска воена база во која има лабораторија за хемиски агенси. Британските служби објаво дека станува збор за нервен отров развиен во времето на Советскиот сојуз, а одговорноста ја префрлија врз двајца Руси, наводно агенти на ГРУ, кои престојувале во Салсбери.
Русија ги отфрла сите обвинувања за труењето на Скрипал и објави дека името „новичок“ е дадено за да асоцира на „руско“, но дека станува збор најверојатно за агенс познат како А-234, кој го развивале и Велика Британија, Шведска, Чешка и Словачка, како и САД каде што со децении живее еден од руските хемиски научници кои работеле на вакви супстанции.
Скрипал закрепнаа од труењето со извонредно опасниот агенс, но почина 44-годишната Даун Старџес којашто заедно со парнерот исто така беше најдена затруена од “новичок“ кој наводно бил скриен во шишенце со парфем, спакуван како подарок што го пронашол Чарли Роули во парк во Солсбери.
Двајцата Руси што ги осомничи британската полиција, идентификувани како Александр Петров и Руслан Боширов, се појавија на руската државна телевизија и негираа дека се агенти, туку тврдеа дека се бизнисмени кои во Британија престојувале како туристи.
Минатата седмица Москва ја проблематизираше веродостојноста на поврзаноста меѓу случаите во Солсбери и во Софија. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков рече дека Русија нема сознанија на што се заснова обвинението против Федотов.
Амбасадорката на Велика Британија во Софија, Ема Хопкинс, изјави дела Лондон „продолжува тесно да соработува“ со бугарските иследници.
Финската лабораторија со анализата не успеал да утврди кој отров за труење на Гебрев, кој преживеа. Во април минатата година беше објавено дека швајцарскиот Центар за радиолошко и хемиско-радиолошки анализи во градот, кој го анализирал примероците коишто експертите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) ги подигнале од местото на наводот врз семејството Скрипал. покажуваат дека е употребен агенсот BZ, кој го поседувале армиите на САД и Велика Британија, а не се произведувал во Русија ниту во поранешниот Советски сојуз.
Меѓународниот извештај не го именува отровот со кој биле отруени Скипал, ниту неговото потекло. Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) ги потврди наодите на британските иследници дека поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија биле отруени со нервен агенс, но не можеле да го утврдат неговото потекло.