Бугарија мора да ги заузда ксенофобичните напади

Бугарските власти треба да испратат јасна порака дека ќе ги преземат сите неопходни мерки , за да го совладаат зголемениот број напади против бегалци и имигранти по улиците на главниот град Софија, гласи изјавата на Амнести Интернешнл, објавена на сајтот на невладината организација.

„Досега, наместо да ги испитуваат и да ги изведат извршителите на овие жестоки напади пред лицето на правдата, бугарските власти се обидуваа да ги омаловажат како најобични злосторства. Бугарија е обврзана според меѓународното право внимателно да го испита секој можен мотив за омраза, што може да стои зад овие кривични дела. Злосторствата од омраза се навреда за човечкото достоинство“, коментираат од програмата на Амнести интернешнал за Европа и Централна Азија.