По поставувањето на големо албанско знаме на Велигден на Самоиловата тврдина во Охрид реакции стигнаа и од соседна Бугарија.
Непријатно е дека Самуиловата тврдина во Охрид, која е споменик на бугарската историја, култура и меморија за цар Самуил – еден од најголемите Бугари на сите времиња, станува предмет на такво вмешување. Ако овој инцидент заслужува коментар, тој мора да биде поврзан не само со нападите врз Република Северна Македонија, туку и со бугарското историско наследство. Од бугарска страна треба да има реакција, е ставот на бугарскиот историчар Пламен Павлов
Ги повика организаторите на слични фестивали и учесниците, без разлика дали се од Македонија, од Косово или од која и да е друга земја, да не ја погазуваат историјата, бидејќи според Павлов, „тоа е едно морално злосторство и ја влошува климата на добрососедство во современа Европа и на Балканот“.
Без разлика дали овие луѓе кои го ставија знамето се свесни за тоа што го прават, тоа е дамка врз традиционално пријателските односи меѓу бугарскиот и албанскиот народ. Нема сомневање дека денешниот албански национализам сонува за Голема Албанија, прекројувајќи ја границата на Балканот, истакна Пламен Павлов.