Припадник на бугарската гранична полиција е застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција, во атарот на селото Голем Дервент, јави БНР.
Граничниот полицаец починал на лице место во инциденетот со престрелка околу 20,30 часот по локало време, а војникот се повлекол и не е повреден.
На подрачјето на инцидентот веднаш биле испратени дополнителни патроли, но во близина не биле пронајдени илегални мигранти.
По инцидентот бил одржан состанок со турските гранични власти, бидејќи се претпоставува дека сторителот бил на територијата на Турција.
Бугарските и турските гранични власти веднаш оствариле средба во Контакт центарот до „Капетан Андреево“, која имала за цел да се открие и приведе сторителот.
Последниве месеци во Голем Дервент се забележани зголемен број мигранти, а протокот е зголемен, поради што во целата област се засилени патролите.
На местото на несреќата веднаш замина техничкиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев.
Според заменик градоначалникот Иван Франсозов, групи илегални мигранти секојдневно минуваат низ селото Голем Дервент.
Тој за NOVA кажа и дека во селото во кое живеат 30-ина жители синоќа не се слушнале истрели. Мигрантите кои минуваат се претежно Сиријци и Авганистанци, додаде тој. Според неговите информации, загинатиот полицаец бил од Елхово.
„Групите мигранти се по 20 до 30 луѓе, главно млади од Авганистан и Сирија, тие постојано ја минуваат границата овде и создаваат хаос“, појасни Франсозов. Граничната ограда е во добра состојба, тврди тој, но „мигрантскиот притисок е голем и ништо не ги спречува“.