Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, член на владејачката партија ГЕРБ, во интервју за Мкд.мк, за кое повод е изјавата на Бугарија со која се условува македонската евроинтеграција со брзо „решение“ за историјата од 19 и 20 век, со исфрлање на терминот „македонски јазик“ и воведување на „службен јазик на РСМ“.
Дали Изјавата на Бугарија со условите за датумот за преговори на ЕУ со Македонија е дел од официјалните заклучоци пред меѓувладината конференција за преговарачкиот пакет? Што всушност значат овие услови? Дали Бугарија ќе ги блокира преговорите на секое отворање на поглавјата?
– Изненаден сум што се поставува ова прашање. Ова не е нешто ново за вас. Бугарија отсекогаш имала многу јасна и отворена позиција од основањето на Република Македонија, од осамостојувањето во 1990 година, па сè до сега. Нашиот став е дека ние мора да се обединиме во едно објективно читање на историјата базирано на вистината. Особено кога зборуваме за 19 и почетокот на 20 век. Тоа би било фер. Ова разбирање е во сржта на Договорот за пријателство и добрососедство. Ова е дел од сите досега усвоени документи од бугарското национално собрание и од бугарската влада. Овие документи се јавни и одамна им се познати на сите во Македонија, и на власта и на опозицијата. Затоа не разбирам зошто ова прашање продолжува да се поставува.
Отсекогаш сме се залагале за помирување и ја поддржувавме вистината. Бугарија секогаш ја поддржуваше, ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Македонија во интеграцијата во во НАТО и во ЕУ. Бугарија е првата земја што го ратификува Договорот за пристапување во НАТО. Наша единствена желба е во ЕУ да не влезат манипулациите и лагите за историјата. Затоа беше потпишан и Договорот за соседство и беше формирана експертската комисија. За жал, Македонија еднострано ја прекина работата на оваа комисија и тоа е основата на проблемот, а со тоа не се исполнуваат членовите од Договорот за добрососедство.
Како што реков и претходно, нашиот став не е од вчера и да, тие ставови се дел од заклучоците на Советот за проширување. Напредокот во добрососедските односи и решавањето на историските проблеми се клучен дел од процесот пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
Фото: Мкд.мк