Бугарскиот парламент го менува законот за вонредна состојба по ветото од Радев

Бугарскиот парламент се согласи во понеделникот да поништи некои делови од законот со кој се воспоставува вонредна состојба поради ограничувањето на ширењето на коронавирусот, откако пртседателот Румен Радев го употреби правото на вето наведувајќи ја загриженоста поради влијанието врз економијата и слободата на говорот во земјата.

Во понеделникот во Бугарија се пријавени 201 потврден случај на коронавирус и три смртни исходи. Како и повеќето европски земји, и Бугарија ги затвори училиштата, рестораните и другите јавни локали и објекти, и одреди приовремена забрана за странски и домашни туристички патувања.

Претседателот Румен Радев во неделата блокираше некои од новите мерки, истакнувајќи дека тие ќе создадат повеќе проблеми отколку решенија, и од парламентот побара да размисли уште еднаш.

Една од измените на кривичниот закон бии одредила казна до 10.000 лева, или 5.128 евра по важечкиот курс, и би вовела затворска казна до три години поради ширење „лажи податоци“ за епидемијата. Радев забележа дека тоа може да го наруши правото на слобода на говорот.

Пратениците, исто така, се согласија од законодавството да ја отстраната и калузулата за спречување на профитерство со која од трговците се бара да ги продаваат стоките по истио цени како и пред прогласувањето на вонредната состојба. Радев на тоа изрази загриженост, дека таа одрбедба се заканува со блокада на деловните активности и го спречува очекуваниот пад на цените на горивата и на електричната енергија.

ГЕРБ, партијата од десниот ценатар на премиерот Бојко Борисов, и нејзините коалициски партнери имаат мнозинство во парламентот, но 118 пратеници го поддржаа ветото на претседателот Радев, додека 14 беа против, а 56 беа воздржани во парламентот со 240 мандати.

Ова е вторпат претседателот Радев, поранешен командант на бугарските воздухопловни сили кој пред три години победи на изборите, да успее да ја принуди владата на измена на закони.