Во Бугарија со нескрена еуфорија во понеделникот е поздравена ратификацијата во понеделникот во македонскиот парламент на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија кој се темели на европските вредности кои го прават регионот пообединет и посилен, соопштија од бугарското Министерство за надворешни работо .
Бугарските политички првенци веднаш реагираа на ратификацијата на договорот за добрососедство со Бугарија според кој македонската страна се согласува дека ќе ги менува учебниците по историја, се откажува од заштитата и поддршка на Македонците во Бугарија и се откажува од македонскиот јазик.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов го поздрави македонскиот парламент за кој вели дека покажал „желба за градење модерни и европски односи“ на пријателство и доверба меѓу двете земји.
Шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева, на нејзиниот фејсбук профил ја поздрави веста за ратификацијата на договорот и притоа истакнува дека тој потврдува дека договорот бил „важен елемент за европската перспектива“ на Македонија.
Честитка до Талат Џафери испрати и претседателката на бугарското Народно собрание, Цвета Карајанчева, која потенцираше дека со тоа се „потврдува широкиот политички консензус и категорична желба за отворање нова страница“ во односите на двете земји.
Меѓу политичарите кои веднаш на поздравија оваа одлука на македонското Собрание беше и претседателот на парламентарната група на владејачката ГЕРБ, Цветан Цветанот, кој го поздрави премиерот Зоран Заев потенцирајќи дека „кога сме поблиски сме посилни“.
Експертите и опозицијата во Македонија предупредуваа на несиметричноста на договорот во кој само Македонија е таа која попушта а исто така дека овој договор остава отворена можност Бугарија да се заканува и да ја блокира Македонија во евроинтеграцииите.
Иако македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров од собраниската говорница изјави дека со овој договор „ниту ние, ниту Бугарија не сме целосно среќни“, еуфоријата кај бугарските политичари и бугарската јавност го говори спротивното.