Неколку регионални функционери се побунија во четвртокот поради најавениот полициски час и построги мерки во високо-ризичните региони во Италија, ден пред на сила стапат новите ограничување.
Италијанската влада во средата четири од 20-те италијанските региони: Ломбардија, Пиемонт, Вале д’Акоста и Калабрија ги прогласи за „црвени зони“ поради големиот број заразени.
Челникот на регионот Ломбардија, Атилио Фонтана, ја нарече „шлаканица“ во регионот и порача дека процената на ситуацијата во регионот се заснова на податоци од 19-ти до 25-ти октомви, и дека моменталната ситуација е охрабрувачка.
Во регионите кои се во „црвената зона“ се затвораат сите продавници, освен оние кои продаваат храна, лекови и други секојдневни продукти. Жителите на овие региони мора да останат во своите домови, а може да ги напуштат само за одење на работа, за набавка на храна или за извршување итни работи.
Од петок на сила е полицискиот час на национално ниво кој ќе трае во периодот меѓу 22 и 5 часот.
Приговори упати и Сицилија, која е сместена во „портокаловата зона“, па ќе се соочи со помалку строги мерки.
Јужниот регион Кампанја, пак, се жали дека што е вброена во „жолтата зона“, иако политичарите од овој регион се надеваа на посроги мерки.
„Болниците во Неапол и Кампанја се пред колапс“, изјави неаполскиот градоначалникот Луиџи де Магистрис.
Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца ги опиша приговорите „непотребно плукање“.
Според медиумските извештаи, владата во Рим во кус рок би можел да ја измени својата одлука.