Наводната афера меѓу францускиот претседател Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје не престанува да ги полни насловните страници во локалните, но и светски медиуми. Но, ако фрлиме поглед наназад, ќе забележиме дека и претходниците на Оланд имаа доста „скокотливи“ љубовни заплети кои со месеци ја забавуваа јавноста.
Да се вратиме во минатото, поточно во 1899 година кога ненадејно почина тогашниот франуцскиот претседател Феликс Франсоа Форе, кој беше познат како голем љубител на жените. Иако не се познати точни околности на неговата смрт, се верува дека последниот здив го пуштил во прегратките на 30-годишната љубовница Маргарит Стејнхејл.
Наводно за време на секс во канцеларјата доживеал инфаркт. Оттогаш се прошири мит за Елисејската палата според кој секој следен претседател ќе биде опкружен од преубави жени, но дека никогаш нема да има вистинска среќа. И навистина, кога ќе ги земете предвид аферите на последните неколку француски претседатели, човек би помислил дека во тој мит сепак има нешто.
Франсоа Митеран, човекот со двоен живот
Франсоа Митеран беше претседател на Франција од 1981 до 1995 година. Французите, но и светската јавност, го паметат по скандалот што изби откако се дозна дека има вонбрачна ќерка. Митеран се оженил во 1944 година со Даниел Гоуз кој му роди три синови. Неговата сопруга со години не знаел дека Митеран води двоен живот.
Неговиот двоен живот започнал пред да биде избран за претседател, но за неговото „второ семејство“ се дознало дури при крајот на неговата политичка кариера. Младата Ен Пингот, Митеран, наводно ја запознал 1961 година кога го искористил пријателството со нејзиното семејство за да ја заведе. Мајката на тогаш 18-годишната Ен, го замолила Митеран да се грижи за неа за време на студиите во Париз, што Митеран, кој тогаш имал 45 години, со задоволство прифатил. Но, не се знае кога точно започнала нивната афера.
Пинегот му родила ќерка која тој вешто ја криел од својата сопруга Даниел и трите синови, но и од гласачите. Се’ протече во јавноста во 1994 година кога изби голем скандал. Се дозна дека неговото друго семејство постојано живеело во државен стан и дека со државни пари се плаќал телохранител за Пинегот и неговата вонбрачна ќерка.
Недолго по избивањето на скандалот, Митеран почина од рак, а на погребот беа присутни и сопругата Даниел, трите синови, љубовницата и вонбрачната ќерка.
Жак Ширак, господин пет минути
Ништо помалку не е интересен и љубовниот живот на наследникот на Митеран, Жак Ширак, човек кој 12 години беше на чело на Франција. Извршуваше разни државни служби, но сепак најмногу се памети по неговите љубовни афери.
Поради својата склоност кон жените „заработи“ многу прекари од кои најпознат е оној „господин од пет минути“. Иако, имаше пренатрупан распоред, разиграниот претседател секогаш успевал да најде барем малку време за „слатки игри“ – според сведочењето на возачот кој 25 години работел за него. Љубењето на Ширак траело „пет минути, вклучувајќи и туширање“.
Како што тврди возачот Лаумонд, неговата сопруга Бернадет, со кој има две деца, често го поставувал истото прашање – „Господин Лаумонд, каде е мојот сопруг вечерва?“. Госпоѓа Бернадет често се наоѓала во непријатна ситуација во јавноста. Така во 2009 година, на интернет се појави снимка од еден нејзин говор. Но, ѕвездата не беше таа, туку нејзиниот сопруг кој дошол да ја бодри. На видеото, се гледа како кога се појавува една згодна русокоса, Ширак инсистира да седне до неа. Иако русокосата љубезно го одбила, тој инсистирал да и’ биде донесен стол, по што на крајот сепак седнала до него. Но, наместо внимателно да ја слуша сопругата, Ширак флертувал со дамата.
Исто така, веќе со години кружат гласини дека Ширак има и вонбрачно дете со жена од Јапонија. Но, тоа никогаш не беше потврдено. Сепак, самиот Ширак во едно интервју признава дека „љубел многу жени во својот живот“ и дека тоа го правел со што поголема дискреција.
Никола Саркози, миленик на жените
Приказната за француските претседатели и нивните љубовници продолжува по надалеку популарниоте Никола Саркози. Саркози ја водеше Франција од 2007 до 2012 година и имаше поприлично бурен љубовен живот. Неговата прва избраничка беше Мари Доминик Кулиоли со која се оженил во 1982 година. Со неа има две деца, а во брак беа до 1996 година кога ја оставил поради Сесил Циганер Албениз.
За да биде уште поинтересно, Албениз, исто така, го оставила својот сопруг поради Саркози, но тоа го направила уште во 80-тите. Саркози ја запросил дури во 1996 година, а добиле и едно дете. Иако многумина мислеле дека конечно се смирил, заводникот сепак не издржал. Во животот во 2008 година му се појави нова убавица – моделот Карла Буни. Поради неа ја остави својата втора сопруга и Карла ја запроси само два месеца откако се запознаа. Тогаш неговиот љубовен живот беше топ тема во сите медиуми, а објективот на фотоапаратите беа вперени повеќе кон Бруни, отколку во Саркози. Во 2011 година добија и ќерка. Кога се’ ќе се собере, три убави жени, три брака и четири деца – се надеваме дека овој пат францускиот заводник навистина се смири.
Наводната афера на Оланд со актерка
И на крајот доаѓаме до актуелниот претседател на Франција, Франсоа Оланд чиј љубовен живот е главна тема последните неколку дена во земјата. Еден француски таблоид на седум страници објави приказна за наводна афера на Оланд со 41-годишната актерка Жули Гаје. Во текстот на долго и широко се опишани нивните средби.