Поранешниот американски републикански претседател Џорџ В. Буш помладиот во неделата му честиташе на објавениот победник на претседателските избори демокртот Џо Бајден, како и на потпретедателката Kамала Харис, што во САД се толува како „клучно признание“ за победата од републиканскиот естаблишмент.
„Иако имаме политички разлики, знам дека Џо Бајден е достојна личност која доби можност да ја води и обедини нашата земја“, рече републиканецот.
„Штотуку разговарав со избраниот претседател на САД, Џо Бајден. Срдечно му честитав и заблагодарив на патриотската порака која ја искажа синоќа“, изјави 43-от американски претседател Џорџ Б. Буш помладиот.
„Му го понудив истото нешто што и на претседателите Трамп и Обама: своите молитви за нивна успешност и ветување дека ќе помогнам на секој начин колку што можам“, додаде Буш и посопчи дека „сите Американци“ би требало да се придружат.
Буш со честитката се придружи на групацијата републикански влијателни личности кои се обидуваат да ги смират напнатостите во САД и да го сочуваат интегритетот на американскиот изборен процес.
Меѓутоа, Буш помладиот истовремено му честиташе на Трамп на тоа што над 70 милиони Американци биле за него, и истакна дека актуелниот претседател има право на покренување правна битка и пребројување на гласовите.
„Сакам да им честитам на претседателот Трамп и неговите приврзаници за напорната борба за време на кампањата. Тој ги доби гласовите на повеќе од 70 милиони Американци – извонредно достигнување на политичката сцена“,
Како што истакна Буш помладиот, Трамп „има право да бара пребројување и да покренува тужби, судот ќе ги реши сите спорни прашања“. Според поранешниот претседател „ Американскиот народ може да има довербна дека овие избори во својата срж беа чесни, новниот интегритет ќе биде поддржан, а нивниот исход јасен“, порача Буш.