Спортскиот директот на шпанскиот гигант Реал (М), Емилио Бутрагењо, потцети дека актуелниот лидер во Примера дивизион, мора да го искористи отсуството на најдобриот фудбалер во дресот на Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски, кој поради суспензија ќе го пропушти првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на шампиони.
„Мислам дека неиграњето на Левандовски е голема предност за Реал (М) и голем минус за Борусија од Дортмунд. Неиграњето на Левандовски може да има големо влијание врз формацијата, врз пристапот на германскиот клуб. Се надевам дека ќе ја искристиме таа предност, дека ќе профитираме од неиграњето на полскиот интернационалец. Минатата сезона, одигравме четри натпревари против Борусија Д. и на дело на почуствуваме нивната моќ. Знам дека годинава немаат толку добри резултати во домашниот шампионат, но нема да ни биде лесно, ниту во Мадрид, ниту во Ддортмунд. Точно дека имаше и потешки противници во ждрепката, а најмалку посакуван беше тимот на Баерн (М). Реал (М) прво сака да обезбеди пласман и во полуфиналната рунда”, изјави Бутрагењо.