Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека утрово на владина седница биле донесени неколку одлуки во делот на намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук на десет отсто, со исклучок на доматите, краставиците и пиперките, за да им е остави простор на домашните земјоделци.
– Добро е што има зголемен извоз на земјоделски производи, но примарен треба да е нашиот пазар. Нашите трговци повисоки цени добиваат во соседните земји и преферираат да продаваат надвор од државата со што ние како држава два пати губиме – недостатокот го надоместуваме со увоз за што се плаќа царина од 65%. Така, пиперките наместо 100 денари веднаш чинат 165 денари без трговските маржи. Ние сакавме да ги заштитиме граѓаните и затоа ги донесовме овие мерки денес, изјави Бектеши во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Тој апелира до трговците домашните производи наменети за домашниот пазар да не ги извезуваат. Вели дека денешните мерки што ги донесе Владата ќе стапат во сила веднаш, а за пиперките, доматите и краставиците ќе важат од декември.