Царовска: Сакаме нашите ученици да се на исто рамниште со оние од развиените земји

На денешната прес-конференција на министерката за образование и наука Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска ги презентираа подготовките за претстојните меѓународни тестирања.

– Многу е важно да кажеме дека нашите ученици, најголем процент од нив, го репродуцираат своето знаење или тие се обучени за тоа. Наспроти она што е светски тренд, дека тие треба се оспособат и да го искористат своето научено знаење во непознати ситуации во училиштето и надвор од него. Токму за таков тип на образование ќе се стремиме во наредниот период – изјави министерката Мила Царовска.

Таа истакна дека сето ова подобрување и анализи бара тимска работа, па затоа во периодот кој што следи, но и во моментов се случуваат подготовки за наредната година каде што ќе има пробно тестирање на „ПИСА“, а исто така и „ПИРЛС“ тестирање.

– Во овој момент е важно и наставниците да се мотивирани, исто така и учениците, но и родителите, затоа што меѓународните тестирања се значајни за позиционирање на нашата држава во светот, на кое ниво е нашиот образовен систем. Но исто така кажува и за знаењата и капацитетите на ученици. Поради тоа што сите сакаат нашите ученици да се на исто рамниште со сите деца во светот од најразивените земји – вели Цароска.

Директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска на прес-конференцијата истакна дека реализатор на сите меѓународни тестирања во нашата земја е токму Државниот испитен центар. Инстиуција која е задолжена за мерење на квалитетот на образовниот систем, односно за спроведување на екстерна евалуација на постигнувањата на учениците.

– Зошто меѓународните студии се важни за нас? Генерациите кои сега се школуваат ќе бидат граѓани на ЕУ, па затоа е важно да знаеме кои се светски трендови и во која мера нашето образование ги подготвува младите луѓе за иднината – рече Наумовска.

Таа додаде дека тоа покажува во која мера образовниот систем го поддржува развојот на економијата и општеството, како и дека претставува референтен извештај за квалитетот на образованието и претставува официјален инструмент за мерење на некои ЕУ индикатори.

– Не е важно каде сме денеска, туку како и каде треба да бидеме подобри утре, во која насока да се движиме, да го подобриме квалитетот на образованието. Кои се светските трендови, во какви услови учат учениците во државите кои постигнуваат подобри резултати од нашите. Доколку се запрашаме дали меѓународните студии се релевантни за нашиот образовен систем, секако би одговориле да. Но, дали само тие се релевантни за развој на образованието, тогаш одоговорот е не, затоа што постојат и други идникатори – вели директорката на Државниот испитен центар.

Таа додава дека тука се националните оценувања, интегралната евалуација, самоевалуацијата и слично.

– Резултатите од постигнувањата на училишно, национално и меѓународно ниво претставуваат основа за определување на позитивните страни, но во исто време и на предизвиците во образованите систем во светот. Добиените сознанија од овие резултати, краторите на политиките во нашата земја може да ги користат како патоказ за планирање на стратегија и за превземање на активности во функција на подобрување на квалитетот на образованието – дополни Наумовска.

Националната координаторка за меѓународните тестирања во ДИЦ, Бети Ламева објасни што досега е научено од досегашното учество во „ПИРЛС“ и „ПИСА“, како и од длабинската анализа од резултатите од „ПИСА“ во 2018 година и како се подготуваат за следното учество во „ПИРЛС“ и „ПИСА“ 2021 година, односно претстојните тестирања кои што претстојат.

– Нашата држава започна во меѓународните тестирања уште во 1998 година и во 2001 година беше првото „ПИРЛС“ тесирање, потоа следеше второто во 2006, а трето е за во 2021 година. Инаку „ПИРЛС“ претставува тестирање со читање и разбирање на ученици од четврто одделение или на 10-годишна возраст. Резултатите од две тестирања во 2001 и 2006 се потполно исти, каде што бевме далеку под меѓународниот просек, но немавме никакво подобрување во рок од тие пет години – рече Ламева.

Таа вели дека сега се работи интензивно да се покаже тренд на подобрување во образованието, во однос на она што сме го имале претходно. Тестирањата во „ПИСА“ се започнати во 2001 година кои се составени со читање со разбирање, математичка писменост и писменост во природни науки. Ламева вели дека ние имаме најголемо покачување заедно со Турција, но мора да се продолжи понатаму ова да се повтори, па и да се зголеми на претстојното тестирање со исте реформи кои претстојат во образованието.