Сите 27 членови на полициската станица во мексиканскиот град Окампо се притворени под обвинение за вмешаност во убиството на кандидат за градоначалник.
Фернандо Ангелес Хуарес (64) беше убиен со огнено оружје од неидентификувани напаѓачи во четвртокот во близина на неговиот дом, објави Би-би-си.
Повеќе од 100 политичари се убиени низ Мексико во пресрет на општите избори на 1 јули.
Хуарес беше третиот политичар убиен во западната држава Мичоакан за само една недела. Тој бил успешен бизнисмен со малку искуство во политиката.
Негов близок соработник изјавил дека Хуарес не можел да поднесе толку многу сиромаштија, нееднаквост и корупција во неговоиот роден крај и затоа одлучил да се кандидира на претстојните избори.